Main | Registration | Login | RSSSaturday, 04.27.2024, 9:47 AM

Учиме, другаруваме и растеме заедно!

Site menu
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0
Login form

Музичко катче

 
Mузиката нема граници.
Нејзината татковина е целиот
свет!!! 
  
          

Труба е лимен дувачки инструмент. Се состои од цилиндрична цевка, којашто завршува со корпус во форма на
 инка. Усникот е метален, а цевката е извиена неколку пати, се свири со помош на три вентили. Трубата се
 употребувала и во предисториските цивилизации и времиња. Најстариот цртеж од труба е од Египет од II век пред
 новата ера, од времето на Тутанкамон. Исто така труба употребувале Евреите, Асирците, Римјаните и Грците. 
Трубата била ритуален и воен инструмент. Трубата во својот животен тек доживеала повеќе модификации, н 
денешниот облик го има од XV век, односно во Европа од XVI век.


Teмпо


Музичката композиција може да се исполнува со различна брзина. Некогаш
 бавно, а некогаш брзо.
Брзината со која ја исполнуваме композицијата се вика темпо. Карактерот на
 композицијата ја одредува нејзината брзина. 
Видот на темпото  го запишуваме на почетокот од петолинието


Бавно       Брзо

Александар Џамбазов


Александар Џамбазов - (роден на 3 февруари 1937 година во село СтапарВојводина)македонски диригент и композитор. Музичка академија
 завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Има реализирано безброј
 снимки и концерти во живо, Настапувал во земјава и во странство (Раденци во Словенија итн.). Добитник е на голем број (педесетина) стручни награди.Неговиот
 творечки опус е многу богат. Автор е на голем број детски песни. Иницијатор и долгогодишен диригент беше на фестивалот за деца, „Златно славејче" во Скопје.
  
 Koj пее зло не мисли :)

Поучни текстови од славните музичари за нашата земја 

Тоше Проески
Од зрак на сонцето создадена
 ко небо сина, пламен црвена
 во песни и светки книги
 стари ко светот испеана.

Верица Пандиловска
Сон си ти во јаве престорен
 од дедовци на внуци оставен
 ко завет одамна даден
 за живот среќен и слободен.

Бени Шаќири
Тебе ти пееме,
земјо наша пеј со нас
заедно можеме 
еј Македонијо пеј на глас!

Адријан Гаџа
Ти што си ко бајка раскошна
рај во лето, зиме волшебна
си била, си, и ќе бидеш
за секој од нас единствена.

Силви бенд
Дом за нас се твоите прегратки
бели мугри, ноќи ѕвездени
биди жива, твоето име
нека се слави со векови.

Дарио
Тебе ти пееме,
земјо наша пеј со нас
заедно можеме 
еј Македонијо пеј на глас!




Search
Calendar
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits

  • Copyright MyCorp © 2024
    Make a free website with uCoz