Umni glavi - Учиме за нашето општество!
Main | Registration | Login | RSSSaturday, 02.25.2017, 12:07 PM

Учиме, другаруваме и растеме заедно!

Site menu
Statistics

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0
Login form

Учиме за нашето општество!

 
                          Посета на Општина Ѓорче Петров 
                                                    и 
                        разговор со градоначалникот Сокол Митровски 

 photo edited for free at www.pizap.com   








Семејство



Семејниот живот се одвива во склоп на едно семејство. Семејството како заедница на родители и деца има јаки емотивни врски меѓу членовите. За добро функционирање на едно семејство потребно е да постои: почит, љубов и разбирање. Семејството влиае врз севкупниот развој на личноста на децата. Формирањето на личноста во голема мера зависи од начинот на кој тие се всадени од страна на родителите или старателите.










Брачен живот




Бракот е заедница уредена со закон за живот помеѓу маж и жена. Кога стапуваат во брак младенците се регистрираат во општина и добиваат извот дека се венчани.


Бракот покрај другото подразбира заедничка грижа за брачните другари во одгледувањето на нивните деца. Тие треба да се грижат за секој член од семејството.







Карта на:


 

















Граѓанин





Секој треба да биде активен граѓанин во својата општина. Затоа тој треба да биде добро информиран. Само на таков начин тој може активно да учествува и да дава предлози и идеи за подобрувањето на животот во неа.


Секој граѓанин има право самостојно или заедно со другите граѓани да доставува предлози во општината. Преку референдум граѓаните одлуќуваат за прашања кои се однесуваат на нивната населба.




Општини во Р.М.


Податотека:Opstini vo Makedonija.png




Работа, вработување, пари и трговија

 


Во една општина луѓето се занимаваат со различни дејности - извршуваат различна работа. Фирмите и претпријатијата им овозможуваат вработување. За својата работа тие добиваат надоместок - плата. Парите се многу битен фактор бидејќи тие служат како средство за плаќање. Во Р. Македонија парите се нарекуваат денари. Постојат ковани пари монети и хартиени пари банкноти.


 
 
Скопје е главниот и најголемиот град во Македонија, а воедно претставува административно политички, стопански, културен и образовно-научен центар. Се наоѓа во средишниот дел на Балканскиот Полуостров распространет на бреговите на реката Вардар. Градот Скопје во текот на своето постоење во зависност од историските прилики бил именуван со различни имиња. Античкото име е Скупи Најстарите сведоштва и археолошки пронајдоци тврдат дека Скопје е населен уште од 4 000 г.п.н.еВо 19-от век Скопје станува важен сообраќаен центар и во него цвета занаетчиството. На 25 октомври 1912 година по 520-годишно владеење Османлиите го напуштаат Скопје, а веќе наредниот ден влегува Моравската дивизија на српската војска со што градот потпаѓа под српска власт. За време на Првата светска војна Скопје се наоѓа под окупација на Бугарските и Австро-унгарските сили, а по завршување на војната станува дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Во Втората светска војна Скопје повторно е окупирано од Бугарија, сојузник на нацистичка Германија. На 22 април 1941 година бугарската Петта армија го окупира Скопје и останува во градот се до 9 септември 1944. На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од германската фашистичка окупација. По ослободувањето од фашистичкиот окупатор на 13 ноември 1944 година, градот брзо се развива и станува индустриски, културен и административен центар на Социјалистичка Република Македонија која е во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Скопје се наоѓа на 21° 26' источна географска должина и 42° северна географска ширина. Надморската височина во центарот на градот изнесува 240 m. Се простира на 1818 км² во широчина 9 км (Водно-Радишани) и во должина 23 км. (Драчево - Ѓорче Петров). Градското подрачје зафаќа површина од 225 км². Климата во Скопје ја карактеризира средна годишна температура од околу 12,4 °C. Летата се долги суви и жешки, а зимите ладни со многу магловити денови. Низ скопската котлина протекуваат реката Вардар со своите притоки: Треска, Пчиња, Маркова Река, Лепенец и Кадина Река. Скопската котлина ја опкружуваат планините: Водно, Караџица, Осој, Жеден и Скопска Црна Гора.Рекордно ниска температура беше измерена на 15:02:2012 год. која достигна до -23С. Во градот Скопје има 10 општини: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари. Според бројот на жители, најголема општина во град Скопје е Гази Баба со 72.617 жители, а најмала е Шуто Оризари со 20.800 жители. Според површината, најголема општина во градот Скопје е Сарај со 229 км², а најмала е Чаир со 3,5 км². Светец заштитник на градот Скопје е Св. Богородица.  






Search
Calendar
«  February 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits

  • Copyright MyCorp © 2017
    Make a free website with uCoz